Заев од утре во официјална посета на Португалија

За време на работната посета на оваа земја, премиерот Заев ќе има одвоени средби со премиерот на Португалија Антонио Коста, и со премиерот на Шпанија Педро Санчез.

58

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на 7-ми и 8-ми декември ќе престојува во Португалија, во дводневна работна посета на Лисабон, соопштува Владата на Република Македонија.

За време на работната посета на оваа земја, премиерот Заев ќе има одвоени средби со премиерот на Португалија Антонио Коста, и со премиерот на Шпанија Педро Санчез.

Премиерот Заев ќе оствари работна средба и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, која заедно со него ќе учествува и на панелот што ќе го модерира претседателот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев, најавуваат од Владата.

За време на посетата на Лисабон претседателот на Владата на Република Македонија, Заев ќе учествува и на лидерската средба на шефови на влади и високи претставници на сестринските партии на ПЕС.

Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во Португалија ќе учествува на Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на кој треба да биде избран заедничкиот кандидат на ПЕС за претседател на Европската Комисија, чиј избор треба да се случи после изборите за Европскиот Парламент идната година.