Заев: Не сум се возел во „мерцедесот“ на Груевски

Премиерот Заев одговори дека никогаш не се возел во луксузното возило кое го набави поранешниот премиер Груевски.

240

Во тек на дуелот, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го праша премиерот дали му е удобно возењето во „мерцедесот“, за кој денеска поранешниот премиер беше осуден на двегодишна затворска казна.

На тоа, премиерот Заев одговори дека никогаш не се возел во луксузното возило кое го набави поранешниот премиер Груевски.

Во врска со пресудите за „Тенк“ и „Поткуп“, Заев потенцираше дека во судските постапки и самите пресуди, најголеми богови се токму доказите, на што Мицкоски потсети дека актуелниот премиер требало да биде осуден, за да се врати довербата на граѓаните во судството.