Заев на зимување во Германија

1752
Фото: ЕПА/Ѓорѓи Личовски

Премиерот, Зоран Заев, оваа недела ќе искористи слободни денови од зимскиот одмор. Тој вчера неформално се сретна со косовскиот колега, Рамуш Харадинај, на аеродромот во Приштина, каде чекал лет за Германија.

Од Владата за Фокус потврдуваат дека Заев оваа недела нема да биде во Македонија. Од таму додаваат дека дел од одморот ќе го помине во Германија, во приватен аранжман, а дел на други локации.