Заев: Ќе прифатам дуел со Мицкоски кога тој ќе каже дека е против бојкот

Кога ќе соопшти дека е против бојкот, нека каже и нека избере медиум. Себеси се сметам за промотор на дебатата. Бојкотирањето на иднината на Македонија не заслужува дебата. Ќе прифатам дебата кога ќе каже дека е против бојкотирањето, рече Заев.

146
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека ќе прифати телевизиски дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кога тој ќе се изјасни дека е против бојкот на референдумот.

– Кога ќе соопшти дека е против бојкот, нека каже и нека избере медиум. Себеси се сметам за промотор на дебатата. Бојкотирањето на иднината на Македонија не заслужува дебата. Ќе прифатам дебата кога ќе каже дека е против бојкотирањето – порача Заев.

Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Заев на телевизиски дуел. Тој претходно рече дека Договорот со Грција, како партија нема да го поддржат и дека остануваат на својот став, дека се работи за договорот со кој се менува македонскиот идентитет, културата, документите, Уставот.

На синоќешната пресконференција Мицкоски не сакаше да одговара на новинарските прашања, туку само ја соопшти одлуката на партиските тела за референдумот.