Заев: Има голем потенцијал за економска соработка меѓу Македониjа и Србија

Тој изрази уведување дека трговијата помеѓу двете земји ќе расте, бидејќи, како што истакна, деловните луѓе се повикани да соработуваат, тие се познаваат меѓусебе и има традиционална соработка.

48

Граѓаните на двете земји очекуваат да им служиме од секој аспект, а најмногу од економски, порача премиерот Заев во одговор на прашање по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на граничниот премин Прешево-Табановце.

– Има толку големи потенцијали помеѓу Македонија и Србија коишто можеме да ги унапредиме, пред се на економски план. Една од тие алактки коишто ги користиме е токму и денешната најава на проектот „One stop shop“ којшто е во завршна фаза- рече премиерот Заев.

Тој изрази уведување дека трговијата помеѓу двете земји ќе расте, бидејќи, како што истакна, деловните луѓе се повикани да соработуваат, тие се познаваат меѓусебе и има традиционална соработка.

– Поддржувач сум и на концептите коишто произлегуваат од Србија за заеднички економски зони, развојни зони коишто ќе бидат од придонес на земјите и на бизнисите од двете страни. Убеден сум дека една од темите на коишто денеска ќе разговараме ќе биде унапредување на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија- рече Заев.