За два месеци сајтот на Владата ќе биде тријазичен – македонски, албански и англиски

135

Владата очекува за два месеци да ја подготви својата официјална веб-страница и на албански и на англиски јазик, наведува Мета.

„Според досегашната динамика и план, очекуваме веб-страната на владата за два месеци да почне со објава на содржини на албански и англиски јазик“, одговорија од владината прес служба на прашањето на „Portalb.mk“ зошто веб-страницата е само на македонски јазик.

Од владата велат дека „во тек е процес на подготовка и обезбедување технички услови за квалитетна изработка на верзија на веб-страницата на влада на албански и на англиски јазик. Во моментов се преведуваат статичните содржини на веб страницата. До овој момент преведени се и објавени неколку клучни документи како: програма на Влада за 2017-2020, План 3-6-9 и извештајот за 100 дена Влада“.

Од вчера веб-страницата на Собранието целосно функционира на четири јазици – македонски, албански, англиски и француски.

Веб страницата на претседателот Ѓорге Иванов е на македонски и на англиски јазик.