За 5 години сите треба да ги смениме пасошите

Првите пасоши со новото уставно име се очекува да бидат пуштени во употреба кон крајот на 2019 година, информира портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција во Владата.

244

Според Договорот од Преспа, Министерството за внатрешни работи веднаш ќе ги набави новите патни исправи. Првите пасоши со новото уставно име се очекува да бидат пуштени во употреба кон крајот на 2019 година, информира портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција во Владата.

– Граѓаните со стар пасош ќе можат да го користат истиот до крај на техничкиот рок утврден во Преспа, кој е 5 години. Ако патната исправа е исполнета или е истечена нејзината важност, ќе тече редовната постапка за нејзина замена. Доколку во тој период новите патни исправи се уште не се пристигнати, заменетиот пасош можно е да има рок на траење од 5 години – посочи Бошњаковски.

Трошокот за замена на патните трошоци ќе падне на товар на граѓаните.