Вработен во Транспорт тврдел: Во мене гледајте го министерот Јанакиески

877
Фото Борче Поповски

Судењето за предметот „Топлик“ денеска продолжи со вкрстено испрашување на сведокот Марика Митревска која своевремено членувала во Комисијата за јавно наддавање на државно земјиште во Министерството за транспорт и врски.

Оваа Комисија првично одбила да објави оглас за продажба на парцелите за „Сончев град“ во скопско Сопиште поради пропусти во постапката. Таа на денешното сведочење изјави дека нејзиниот колега, сега обвинетиот Димитар Димовски бил оној кој ги пренесувал пораките помеѓу комисијата и тогашниот министер. Таа рече додека Димовски бил вработен во Министерството им велел: „Во мене гледајте го министерот јас ги пренесувам пораките за предметот“.

Димовски често доаѓал да им укаже на членовите да работат побрзо во однос на собирањето податоци за земјиштето со цел работата да се заврши побрзо. Според обвинениети, откако оваа комисија одбила да го објави огласот, била формирана втора комисија која и покрај недостаците, односно неутврдена точна површина на парцелите и катастарски парцели, го објавила огласот за јавно наддавање за отуѓување на градежното земјиште за изградба на населбата.

По продажбата новиот сопственик не можел да ги упише парцелите во Катастар, поради претходните утврдени недостатици, поради што наплатил штета од над еден милион евра.