Возилата прво со налепници „НМК“, потоа со нови таблици

Од средината на мај се очекува да пристигнат и новите регистерски таблички. Тие ќе им се ставаат на возилата кога ќе им дојде ред за технички преглед. 

335
Фото: МИА

Налепници со кратенката од новото име на државата (НМК) ќе добијат возачите на автомобилите што од идната недела ќе ја напуштат земјата, информираат од МВР. Оттаму нагласуваат дека постапката за набавка на налепниците веќе е почната. Откако ќе бидат набавени за неколку дена, ќе се лепат на возилата што излегуваат од државата на граничните премини. Како што посочуваат од МВР, налепниците ќе бидат бесплатни.

Од средината на мај се очекува да пристигнат и новите регистерски таблички. Тие ќе им се ставаат на возилата кога ќе им дојде ред за технички преглед.