Возачот на автобусот ја преживеал несреќата, ќе му се проверуваат крвта и урината

Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедеувано, додека увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжат во текот на утрешниот ден.

288

По наредба на Основното јавно обвинителство, на возачот на автобусот кој попладневно излета од автопатот Скопје-Тетово ќе му бидат земени крв и урина за анализа.

„Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци“, се вели во соопштението на ОЈО.

Тие исто така побарале и вонреден технички преглед на возилото. Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедеувано, додека увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжат во текот на утрешниот ден.