дома Македонија (Во живо) Пречек на германската канцеларка Ангела Меркел

(Во живо) Пречек на германската канцеларка Ангела Меркел

231

Фото:Борче Поповски

Со сите државни почести, на платото пред Владата, македонскиот премиер Зоран Заев ја пречекува германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Меркел воедно е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија.

Фото: Борче Поповски

Нејзината еднодневна посета е со цел да и даде јасна поддршка на нашата земја за Договорот од Преспа, но и да упати порака за успешност на референдумот со кој се отвораат вратите за евроатлантските интеграции на Македонија.

За деталите од средбата по еден час во холот на Владата ќе се оддржи заедничка прес конференција на македонскиот премиер и германската канцеларка.