Во сообраќајка во Скопје тешко повредено 5-месечно бебе

Тоа е задржано на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза".

40

Вчера околу 9 часот на улица Коце Металец во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(38) и автомобил марка „форд фиеста” исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Н.(36) двајцата од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило пет месечно бебе кое било во цитроенот. Тоа е задржано на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Извршен е увид на местото на настанот.