Во Скопје вчера осум сообраќајки, санкционирани 117 возачи за непрописно паркирање

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 43 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол и осум пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

17

Три лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 43 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол и осум пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени и шест нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 88 возила.

Полицијата санкционирала и 117 возачи за не прописно паркирање, еден возач  кој не дал првенство на минување на пешаците, еден за неправилно престројување, тројца за не правилно престигнување, двајца за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 17 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на мототроно возило и 16 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.