Во Скопје вчера 15 сообраќајки, 90 возила подигнати со „пајак“

Во текот на изминатиот ден издадени се 122 мандатни платни налози и 90 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

38

Во текот на вчерашниот ден (06.02.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди од кои осум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и седум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 10 лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.

Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца поради непоседување пропишана зимска опрема, осум поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 122 мандатни платни налози и 90 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.