ВМРО-ДПМНЕ: Владата е посветена на криминално прелевање на државните пари во џебовите на министрите

15

Единствено нешто на што е посветена Владата е криминално прелевање на државните пари во џебовите на министрите, преку компаниите и организациите на нивните соработници, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на владиното соопштение за спроведувањето на препораките од ГРЕКО.

„Видливи и за македонските граѓани и за ГРЕКО се само криминалните милионски тендери и бесрамното црпење на буџетските фондови додека судството е ставено во стега за врвот на овој криминален клан да се спасат од правдата. Лажната декларативната заложба за борбата против корупцијата е препознаена и од ГРЕКО и од граѓаните. Концептот на лажната отвореност, отчетност и транспарентност завршува со секој нов криминален скандал на оваа власт“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека одговорност за криминалот и корупцијата во врвот на власта мора да има и ќе има тогаш кога Република Македонија и правосудството ќе се ослободат, како што се вели, од канџите на аболицирани и помилувани криминалци на власт.