МакедонијаПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ бара парите за дислокација на галиите да се пренаменат за Универзална сала

Фото Борче Поповски

Од опозициската партија велат дека е иронија што Шилегов вооптшо размислува да ги дислоцира или руши галиите, додека Универзална сала уште не работи, бидејќи не е започната реконструкцијата.

„Пред само неколку дена, истиот Шилегов изјави дека рушењето на галиите и други објекти од речното корито ќе го чини градот Скопје ни помалку ни повеќе 8 милиони евра. Притоа, за изградба на галиите не е инвестирано од градот Скопје ниту едно евро, се работи за приватни инвеститори.

Со ова непромислено трошење на 8 милиони евра за рушење на веќе изградено, а немање средства за реконструирање на симболот на градот, Универзалната сала, Шилегов и СДСМ само потврдуваат дека работат за исполнување на своите лични хирови и задоволување на сопствениот гнев кон една успешна власт, а не работат за граѓаните и нивните потреби.

Затоа му порачуваме на Шилегов, парите за рушење на галиите да ги пренамени за реконструкција на Универзалната сала“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.