Владата се подготвува за поставување на НАТО знамето (ФОТО)

Оттаму објаснуваат дека тоа било причината зошто утринава биле тргнати буквите со натписот „Владата на Република Македонија“. 

1131
Фото: Слободен печат

На платото пред Владата, во текот на денот, ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето, информираат од Владата. Оттаму објаснуваат дека тоа било причината зошто утринава биле тргнати буквите со натписот „Владата на Република Македонија“.

Новиот натпис, велат од Владата, ќе биде поставен на владината фасада откако во Службен весник ќе биде објавено дека Грција ги ратификувала Договорот од Преспа и протоклот за членство на Македонија во Алијансата.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат