Владата и МНР без коментар за Република Илинденска Македонија

Денеска премиерот Зоран Заев порача дека најпрво треба да бидат информирани претседателот на државата и лидерите на партиите, пред да се излезе со официјална информација.

91
Фото: Борче Поповски

По информациите дека е предложено решение за спорот со името кое гласи Република Илинденска Македонија, Владата и Министерството за надворешни работи уште се без коментар.

Денеска премиерот Зоран Заев порача дека најпрво треба да бидат информирани претседателот на државата и лидерите на партиите, пред да се излезе со официјална информација.

– Заедно со премиерот Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија, кои македонската страна ги презентира во последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји, со релевантните политички фактори. Суштински разговаравме за неколку опции, при што утврдивме една опција, која може да биде прифатлива за двете страни. Продолжуваат консултациите дома за да видиме дали е можно практично спроведување на ова решение. Ако е возможно, ќе имаме решение – изјави премиерот Зоран Заев по средбата со Ципрас.