Влада – нова пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ: Обезбедено е двотретинско мнозинство за уставните измени

321
Фото: Борче Поповски

Со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот, се наведува во заедничкото соопштение на Владата и нова пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

– Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани. Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Северна Македонија, стои во соопштението.