ВИДЕО: Делегација на Владата исвиркана на Мечкин Камен

Непосредно пред обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, собраните граѓани ја запеаја „Едно име имаме“, а додека траеше говорот во повеќе наврати го скандираа неговото име.

642

Делегацијата на Владата, како и дипломатските гости меѓу кои беа американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли и заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кои учествуваа на одбележувањето на празникот 2 Август – Илинден, беа исвиркани денеска во Крушево.

Во делегацијата на Владата на Мечкин Камен присуствуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче.

Непосредно пред обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, собраните граѓани ја запеаја „Едно име имаме“, а додека траеше говорот во повеќе наврати го скандираа неговото име.