Велковски разрешен од БЈБ

На денешната седница не се дискутирало кој би можел да дојде на таа позиција по заминувањето на Велковски.

264
Принтскрин / Фокус

Со одлука на Владата, Лазар Велковски е разрешен од позицијата директор на Бирото за јавна безбедност.

На денешната седница не се дискутирало кој би можел да дојде на таа позиција по заминувањето на Велковски.

Неодамна, односно за 2 август, Велковски со службено возило ја однесе неговата ќерка и пријателките до камп во Грција. Тој се обиде да се оправда дека така направил поради претходни закани по безбедноста на членови од неговото семејство.

Премиерот Заев оцени дека Велковски направил грешка, но дека најверојатно ќе остане вработен во МВР, поради својата стручност.