Ужасна трагедија на автопатот Скопје-Тетово: Се преврте патнички автобус полн со патници

Во тек е спасувачка акција, присутни се екипи на полицијата и брзата помош и се извлекуваат повредените од превртеното возило.

368
Принтскрин

Патнички автобус на една македонска превозна компанија се преврте на автопатот Скопје-Тетово.

Во тек е спасувачка акција, присутни се екипи на полицијата и брзата помош и се извлекуваат повредените од превртеното возило.

Засега не е познато колку патници има, дали се добро, колку се повредени и поради што дошло до несреќата.

Автобусот излетал од патот во близина на Ласкарци, општина Сарај.

Од Министерството за здравство известија дека екипи на брзата помош од Здравствен дом Скопје и приватните болници Неуромедика и Систина, но и самиот министер за здравство Венко Филипче се на местото на настанот.