дома Македонија Угостителите од Велес не можат да најдат персонал за работа

Угостителите од Велес не можат да најдат персонал за работа

Во средното училиште „Коле Неделковски“ има тригодишна програма за угостители, но дури и тие ученици се со план по образованието, да заминат во странство.

115

Угостителите од Велес не можат да најдат работници за во своите кафулиња и ресторани, бидејќи многумина заминале да работат во странство, најмногу на јадранскиот брег.

На состанок со градоначалникот Коцевски, во однос на организацијата на Питијадата, тие се пожалиле дека не можат да најдат персонал за во кујна, но ниту за келнери.

– Се случува и некој од нас, од фамилијата да помага. Се што беше ангажирано во кафеаните заминаа на Јадран, кој во Хрватска, некои во Црна Гора, во Велес останаа малкумина – кажа сопственик на кафеана од Велес, пишува порталот ТиРековМиРече.

Во средното училиште „Коле Неделковски“ има тригодишна програма за угостители, но дури и тие ученици се со план по образованието, да заминат во странство.

Велешани, исто така, мака мачат и со такси-превозот, а здружението на такси-возачи проблемот го лоцираат во тоа што многумина возачи заминале да возат камиони во Германија.