ТВ21: Свињи кои се гојат на депонијата завршуваат на нечија трпеза!?

1368

На депонијата „Мегленци“ во општина Новаци покрај тоа што има тони ѓубре и глутница од кучиња, има и педесетина свињи, кои како што јавува екипата на ТВ 21 се пуштале за гоење, а потоа се продавале на добиточните пазари.

Новинарската екипа од соговорниците дознала дека свињите двапати годишно се пуштаат да пасат кај депонијата.

Никој од надлежните инспекторати ниту еднаш досега не презел ништо за да го оневозможи одгледувањето животни наменети за човечка исхрана на една ваква депонија.