Триесет организации почнаа кампања за бојкот на референдумот

Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија.

108

Триесет организации потпишаа денеска Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.

Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија.

Во кампањата што ќе пропагира бојкот на референдумот се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.

Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.