Тодор Петров ќе собира потписи за референдум против „Република Северна Македонија“

Барањето беше одобрено со 8 гласа „за“ и еден воздржан. Иницијаторот на барањето рече дека со измената на Уставот во амандманот 33 е направен обид за промена на името согласно со спогодбата Димитров-Коѕијас која „де јуре„ не постои.

284

Членовите на собраниската Комисија за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за распишување на нов референдум за името со прашањето „Дали сте за Република Северна Македонија“.

Барањето беше одобрено со 8 гласа „за“ и еден воздржан. Иницијаторот на барањето рече дека со измената на Уставот во амандманот 33 е направен обид за промена на името согласно спогодбата Димитров-Коѕијас која „де јуре„ не постои.

За да се реализира оваа постапка, потребно е спикерот Талат Џафери да даде мислење дека иницијативата е уредна, а откако ќе ја извести ДИК, подносителот има рок од три месеци да собира потписи.