Телата на загинатите се уште се идентификуваат

313

Надлежните институции се уште вршат идентификација на телата на загинатите во синоќешната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Тетово-Скопје во која животот го загубија 14 лица, а уште седум се во критична состојба.

Засега е познат идентитетот на осуммина додека другите шест се уште се идентификуваат.

Веќе беше објавено дека меѓу загинатите е син на пратеник на СДСМ, како и раководител на сектор во Град Скопје.