Тачи ги повика граѓаните на Македонија да гласаат „за“ на референдумот

Косово ве поддржува да се движите напред кон зачленувањето во НАТО и ЕУ. Ги повикувам со мојот скромен авторитет сите граѓани на Македонија да учествуваат и да гласааат „за“ на референдумот. Мислам дека ова е историски момент што би требало да се искористи, рече Тачи.

35

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по средбата со премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на Македонија да гласаат „за“ на референдумот бидејќи тоа значело мир и за Косово.

– Косово ве поддржува да се движите напред кон зачленувањето во НАТО и ЕУ. Ги повикувам со мојот скромен авторитет сите граѓани на Македонија да учествуваат и да гласааат „за“ на референдумот. Мислам дека ова е историски момент што би требало да се искористи – рече Тачи.