Судот го одобри обвинението за случајот „Талир“

29

Судот го одобри дел од обвинението за случајот Талир кој се однесува за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, но се уште не одлучил за второто обвинение за изградба на новото пaртиско седиште.

За незаконско финансирање на партијата обвинети се екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, поранешниот секретар на Владата, Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, и уште две лица.

Обезбедените финансиски средства во готовина, обвинетиот Никола Груевски не ги вратил на лицата од кои средствата доаѓале, односно не ги упатил во Буџетот на Република Македонија, како што имал обврска да стори согласно Законот за финансирање на политички партии, со што прибавил незаконски средства за финансирање на политичката партија ВМРО ДПМНЕ во износ од околу 4,6 милиони евра.