Србин со „сканија” излетал од патот Градско-Прилеп и се превртел во провалија

Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување-велат од МВР.

80
Профимедиа

Четириесет и едногодишен Србин управувајќи влекач „сканија“ на патот Градско-Прилеп, со полуприколка со српски национални ознаки, излетал од десната страна на коловозот и се превртел во провалија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување-велат од МВР.

Настанот се случил вчера во 16.00 часот.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.