Спасовски му понудил оставка на Заев за бегството на Груевски

693

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле открива дека министерот Оливер Спасовски разговарал со него за оставка како чин на морална одговорност по бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во Унгарија.

– Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене. Бидејќи тој го направи тој чекор, разговараше со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст… Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена – вели Заев.