Спасени се петмината македонски скијачи на Пирин

Петмина македонски државјани вечерва од бугарските спасувачки служби се спасени откако скијале на необезбедени патеки на Пирин. Околу 21 часот се безбедно извлечени. Сите петмина се живи и здрави, пренесуваат бугарските медиуми.

215

Тие попладнево паднале во провалија, а операцијата за спасување се одвивала од страна на Дамјанишка долина. Сигналот за помош пристигнал до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 18 часот вечерва 12 спасители започнаа акцијата за спасување на луѓето во планината.

Извор+Фото: БГНес