Соработка меѓу Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу” и АД БЕГ

Целта на меморандумот што денеска го потпишуваме со БЕГ е воспоставување на партнерство во заложбата за поквалитетен воздух во Градот Скопје. Овој објект се загрева со мазут од 1976 година.

129

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу” и АД БЕГ Скопје денеска потпишаа меморандум за соработка, со цел замена на системот на греење на Студентскиот дом од нафта за греење/мазут со приклучување кон системот на централно греење на АД БЕГ Скопје.

Директорот на АД БЕГ Скопје, Димитар Кочовски, изјави дека се работи за многу значаен објект што, како што рече,  за жал досега беше црна точка во загадувањето на Градот Скопје.

-Домот користеше мазут за греење и со приклучување кон нашиот систем. што е потполно еколошки чист, значи греење на природен гас, ќе ја елиминираме оваа точка и се надеваме ќе ги искористиме сите ресурси на БЕГ и во иднина сите вакви потенцијални и проблематични точки од еколошки аспект во Градот Скопје ќе ги елиминираме во што е можно пократок рок, рече Кочовски.

Директорот  на Студентскиот дом  Дарио Николовски нагласи дека со приклучувањето на студентскиот дом кон централниот систем на греење придонесуваат кон почиста животна средина, но и меѓу другото и ги намалуваат трошоците за греење на домот за околу два милиони денари годишно.

– Целта на меморандумот што денеска го потпишуваме со БЕГ е воспоставување на партнерство во заложбата за поквалитетен воздух во Градот Скопје. Овој објект се загрева со мазут од 1976 година. Со промена на системот на греење не само што придонесуваме за почист воздух, но го решаваме и еден од  најголемите проблеми на студентите: непречено греење, рече Николовски.

Министерот за образование и наука  Арбер Адеми рече дека ресорното министерство има круцијална улога во системското справување со еден најголемите предизвици: заштита на животната средина и намалување на аерозагадувањето, и тоа во три аспекти: првиот аспект е едукативниот карактер, вториот е научниот за да се изнајдат нови решенија при справување со овој голем предизвик, и третиот е од инфраструктурен карактер. Но, и дека се превземаат активнности во насока за подобрување на инфраструктурата се со цел да се заштити животната средина.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање  Јани Макрадули нагласи дека со овој чин почнува практичната  имплементацијата на Планот за почист воздух и дека нивните пресметки кажуваат дека со 230 тони мазут, колку што годишно трошеле, тие генерирале 28 килограми ПМ2,5 честички.

-Наш приоритет во рамки на Планот се работните простории каде луѓето најмногу време поминуваат. Приоритет во најзагадените општини Скопје, Тетово, Куманово Гостивар и Струмица ќе интервенираме и во основните училишта. Секоја општина ќе си определи кое училиште припаѓа на најзагаден дел и ние ќе интервенираме со наши средства во рамки на планот, рече Макрадули.