Солза Грчева формираше опозициска партија „Глас за Македонија“

487

На основачко собрание во хотелот Александар Палас, вчера била формирана партијата „Глас за Македонија“ на поранешната пратеничка Солза Грчева.

Оваа партија ќе делува опозициски.

„Благодарам на сите прекрасни луѓе кои денес беа дел од Основачкото Собрание на ГЛАС за Македонија. Ќе работиме сите заедно да си ја направиме нашата земја најубаво место за живеење. Знаеме, сакаме и можеме! – напиша Грчева на својот профил на Фејсбук.