Собранието ја донесе одлуката за распишување референдум со 68 гласа „за“

Проблем со гласањето имаше пратеникот Амди Бајрам, бидејќи системот не го евидентираше неговиот глас.

101

На денешната седница, со 68 гласа „за“, Собранието ја донесе одлуката за распишување референдум кој ќе се одржи на 30 септември оваа година.

Проблем со гласањето имаше пратеникот Амди Бајрам, бидејќи системот не го евидентираше неговиот глас. Тој реагираше на тоа, по што Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека и неговиот глас за ќе биде евидентиран

Реферрндумот ќе се одржи на 30 септември и ќе биде консултативен, а референдумското прашање ќе гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“