дома Македонија Случај Поцеста: Осомничена постарата ќерка, пиштолот најден на бензинска пумпа во Тетово

Случај Поцеста: Осомничена постарата ќерка, пиштолот најден на бензинска пумпа во Тетово

Засега е познато дека Б.П. ги убила родителите и помладата сестра и по убиството заминала во Италија.

2198

Принтскрин/1ТВ

За случајот убиство на семејството Поцеста од Дебар, главен осомничен сторител беше, според првичните наводи, нивна блиска роднина Б.П. (25).

Како што дознава порталот МКД.мк од свои полициски извори, за убиството е осомничена постарата ќерка на семејството, која за да го изврши делото имала помош од три други лица.

Засега е познато дека Б.П. ги убила родителите и помладата сестра и по убиството заминала во Италија. За убиството таа ангажирала двајца помошници кои и обезбедиле превоз и пиштол, пишува МКД.мк.

Според порталот 1ТВ, еден од помошниците обезбедил оружје, вториот ѝ помогнал да го изврши делото, додека третиот ѝ помогнал да замине веднаш во Италија. Б.П. се вратила во Македонија откако ѝ јавиле дека семејството ѝ е мртво. 1ТВ дознаваат и дека пиштолот со кој е извршено делото е пронајден на бензинска пумпа во Тетово.

Од МВР и ОЈО се очекуваат подетални информации подоцна во текот на денот.