дома Македонија Скопјанец пукал кон две лица поради нерасчистени должничко-доверителски односи

Скопјанец пукал кон две лица поради нерасчистени должничко-доверителски односи

Според Министерството за внатрешни работи, нападнатите успеале да побегнат и да останат неповредени, а К.И. го напуштил местото.

77

Педесет и едногодишниот скопјанец К.И. синоќа пред маркет на улицата „Лазо Трповски“ во Скопје пукал кон Б.Б. (23) и Р.Б. (20), откако претходно се расправале поради нерасчистени должничко-доверителски односи.

Според Министерството за внатрешни работи, нападнатите успеале да побегнат и да останат неповредени, а К.И. го напуштил местото.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на К.И. и за целосно расчистување на случајот.