Скандал: Нема породување без извод од венчани

Многумина се жалат дека ова се бесмислици, дека е дискриминација за одредени жени или девојки, како и тоа дека се поставуваат прашања што ако не се венчани, или што ако дојде мајка без партнер? Дали тоа би значело дека нема да ја породат?

420

По социјалните мрежи главна тема е натписот во Општата болница во Струмица, кој гласи: „Пациентките кои доаѓаат на Акушерско одделение за породување задолжително со себе да донесат извод од венчаните”. Притоа, зборот „задолжително“ е нагласен со големи букви.

Многумина на социјалните мрежи реагираат дека ова се бесмислици, дека е дискриминација за одредени жени или девојки. Што ако дојде жена која не е венчана? Дали тоа би значело дека нема да ја породат?

Голем број луѓе пишуваат како се разочарани од ваквото однесување, дури и се изненадени од таквиот пристап на вработените.

„Слободен печат” ја контактираше болницата, но ни беше кажано дека директорот бил на состанок токму за оваа тема, па ќе не барал откако ќе завршел состанокот.

Од Министерството за здравство ни рекоа да им пратиме мејл. Доколку добиеме одговор, тој ќе биде објавен дополнително.