СЈО побара затворска казна за Талевска

192
Фото: вистина.мк

По поднесената жалба во врска со паричната казна и пресудата за Ивона Талевска, која е обвинета и осудена во случајот „Тифани“, СЈО смета дека треба да ѝ се изрече и затворска казна.

„До Апелацискиот суд е поднесена жалба, односно се предлага обжалената пресуда да ја преиначи во ефективна затворска казна, како главна казна и повисока парична казна, како споредна казна. Исто така, за правното лице ‘Смарт’ групацијата да се осуди на повисока парична казна“, изјавија од СЈО за МКД.мк.

Во обвинението стои дека Талевска приложувала нереални документи за трошовците и не ги подмирила даночните обврски и на нејзините фирми, но и персоналните.