Македонец почина во тепачка во Австрија

2305
Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson/TT SWEDEN OUT

Македонски државјанин на возраст од 29-години починал како резултат на жестока тепачка
која се случила во австриската провинција Регај, во градот Веклабрук. Веста ја соопшти австриската полиција, а ја пренесе Лаумат.

Идентитетот на починатиот Македонец не се отркива, а како причини за смрт се наведени повредите здобиени во тепачката.

Тој починал во болница, а неколку лица биле повредени и пренесени на интензивна нега.