Шекеринска препознала уште еден напаѓач од крвавиот четврток

Ова е уште еден осомничен, покрај осудениот Панче Ангелов, кој откако призна вина, со правосилна пресуда доби 4 години затвор за напад врз пратеничката Шекеринска лани во Собранието.

448

Министерката за одбрана препознала уште едно лице вмешано во крвавиот четврток, кое е осомничено за насилство врз нејзе, тогаш пратеничка во мнозинскиот состав.

Напаѓачот завршил во куќен притвор, дознава Макфакс.

Оттаму додаваат дека преземаат истражни дејствија за обезбедување докази и комплетирање на предметот, по што ќе донесат јавнообвинителска одлука. Ова е уште еден осомничен, покрај осудениот Панче Ангелов, кој откако призна вина, со правосилна пресуда доби 4 години затвор за напад врз пратеничката Шекеринска лани во Собранието.