Седуммина од повредените во критична состојба

Четири од повредените се во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти кои се лекуваат во Ургентниот Центар во Скопје. 

210
Седум пациентите повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на автопатот Скопје-Тетово се во тешка и критична состојба, информира Министерстото за здравство. Четири од повредените се во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти кои се лекуваат во Ургентниот Центар во Скопје.
Министерот за здравство Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.
„Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.