Се запали камион чистејќи снег во Куманово

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, тешкото товарно возило асистирало на ЈП „Македонија пат“ во расчистување на улиците, но околу 14:55 часот се запалило на улицата „11 Октомври“ во Куманово.

129

Камион „ман“, сопственост на кумановска компанија, вчера се запалил чистејќи снег на улицата „11 Октомври“. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, тешкото товарно возило асистирало на ЈП „Македонија пат“ во расчистување на улиците, но околу 14:55 часот се запалило на улицата „11 Октомври“ во Куманово. Веднаш на терен излегле четворица пожарнокари со едно противпожарно возило и успеале да го локализираат огнот дури по еден час, објави Кумановскимуабети.