Се исушила: Северина никогаш не била толку слаба! ФОТО

Пејачката ги израдувала своите обожаватели на Инстаграм со нови фотографии од егзотичните дестинации. Многумина забележале дека пејачката видно ослабела.

4341
Инстаграм/Принтскрин

Хрватската поп пејачка Северина Којиќ била на одмор на Малдивите со сопругот Игор Којиќ и синот Александра, а нивниот брак веќе подолго време се доведува во прашање.

Сепак, со ова патување тие уште еднаш ги демантираа сите лоши гласини, но тука Севе не застана!

Пејачката ги израдувала своите обожаватели на Инстаграм со нови фотографии од егзотичните дестинации. Многумина забележале дека пејачката видно ослабела.

Стресната 2018 година на Северина оставила траги, па се гледа дека мошне ослабнела, што ѝ порачале и поедини фанови во коментарите.
„Убава си, но да имаш 5 килограми повеќе би била уште поубава“, „Северина изгледате многу среќно иако морам да се согласам со другите, премногу слаба сте“, „Беше жена со облини. Севе, врати се“, се само некои од коментарите на обожавателите кои се нашле под фотографиите.

Фото: Инстаграм/Принтскрин