Се чистат патиштата во источна и југоисточна Македонија

Во текот на викендот се исчистени и регионалните патни правци од четврти приоритет, кои се на барање на ЈП за државни патишта.

53
Фото: мета.мк

Новиот снежен бран во источна и југоисточна Македонија нема да создаде проблеми на магистралните и регионалните патишта, смета раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат”-Штип Кире Коцев.

– На терен имаме 25 камиони, од кои дел се наши, а дел од трети лица. Постојано се фрла сол и ризла на патиштата, по кои се вози во моментов по чисти коловози – вели Коцев.

Тој додава дека веќе на шесте пунктови во источна и југоисточна Македонија се пристигнати дополнителни количини од ризла и сол, од кои околу нови 25 тони сол и над 300 метри кубни ризла. Во текот на викендот се исчистени и регионалните патни правци од четврти приоритет, кои се на барање на ЈП за државни патишта. Станува збор за патиштита кон планината  Плачковица, како од страната на Штип, така и од страната на Радовиш, а исто така е расчистен и патот кон светниколското село Мечкуевци.

Коцев апелира внимателно да се вози, бидејќи поради ниските температури на одредени места можна е и појава на голомразица. Забележува дека солта не реагира на температура којашто е над минус седум степени. Опасност од одрони, токму поради ниските темпеартури  на патиштата нема, а ќе се појават по топењето на снегот, односно зголемувањето на температурите.