СДСМ предложил, Собранието ја изгласало мајката на Боки 13 за член на Комисијата за слободен пристап до информации

Извори во редовите на пратениците кои одлучуваа, велат дека препораката за Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието.

922
Фото Борче Поповски

Јасминка Јовановска, мајка на сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски, во петокот на седница на Собранието е изгласана за нов член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, јавува Ирл.мк. Извори во редовите на пратениците кои одлучуваа, велат дека препораката за Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието.

Според биографијата поднесена во Собранието, Јовановска работела како правник во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје. Од 1998 година е вработена во Министерство за труд и социјална политика на работно место раководител на секторот за социјална заштита.

Повеќе прочитајте тука.