Росоман ја решава атмосферската канализација во т.н. горна зона

10

Со денешното потпишување на Договорот за  проектот „Подобрување на комуналната инфраструктура преку финализирање на каналот за отпадни води во општина Росоман”, Росоман почнува да ја решава атмосферската канализација во т.н. горна зона.

Станува збор за инвестиција вредна околу три милиони денари, а Договорот го потпишаа градоначалникот Бранко Јанев и раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Марко Колев.

 Проектот е поднесен до Министерството за локална самоуправа во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Тендерот за изградба на проектот се очекува да биде распишан наредните денови,  а по неговото завршување ќе почнат градежните активности- информира Службата за односи со јавноста на Општина Росоман.