Радев: Не може бугарската историја да страда поради евроинтеграцијата на Македонија (ВИДЕО)

Румен Радев, претседателот на Бугарија, изјави дека тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не било извинување како што тврдат бугарските медиуми.

361
Фото ЕПА/ЕФЕ

Румен Радев, претседателот на Бугарија, изјави дека тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не било извинување како што тврдат бугарските медиуми.

– Вие слушнавте да име извинување? Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не ги коригира зборовите. Не ми е јасно зошто бураските власти не реагираат. За мене е пеприфатливо евроатланската перспектива на Макеоднија да биде ставена пред бугарската историја, идентитет и суверенитет. Не може долгорочните интересите на Бугарија да станат жртва на политички пи-ар. Очекувам од власта на Бугарија јасно заложени параметри кои ќе бидат споделени на официјален начин во односите со Македонија. Ги имаме сите параметри за дополнителен анакес за Договорот за добрососедски односи со Македонија – рече Радев во изјава за новинарите.

Заев изрази жалење на Фејсбук откако неколку дена претходно изјави дека „Илинденското востание е македонско“, на што реагираа официјални функционери во Бугарија и лидери на партии од таа земја.