Пукал мислејќи дека има волци, ранил човек

За настанот известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

124

Вчера во 13 часот било пријавено дека во атар на село Негорци, на место викано „Смрекова чука“, К.К. (52) од Негорци, додека се враќал кон неговиот имот со козите се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола, информираат од полицијата. Потоа К.К., според негово кажување, се упатил кон местото и го нашол И.В. (29) од Штип со повреди во потколениците. Потоа К.К. со свое возило го однел И.В. во Општата болница во Гевгелија. Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.