Пронајдени 44 мигранти во товарно возило

Кај првиот тунел во правец Гевгелија-Скопје возачот откако ги забележал, го сопрел возилото излегол од него и побегнал.

389

На автопатот Гевгелија-Скопје завчера во 22:00 часот од страна на припадници на мобилната царинска единица било забележано товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски таблици и во координација со полициски службеници од Граничниот премин Богородица, се упатиле по него.

Кај првиот тунел во правец Гевгелија-Скопје возачот откако ги забележал, го сопрел возилото излегол од него и побегнал. Во возилото биле пронајдени 44 илегални мигранти, од кои 10 од Сирија, 20 од Пакистан, 12 од Авганистан и двајца од Индија. Истите биле задржани во Полициската станица за Граничен премин-Богородица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.